ВМРО-НП го поддржува замрзнувањето на прогресивното оданочување

ВМРО-Народна партија преку соопштение денеска ја поддржа одлуката на Владата за замрзнување на прогресивното оданочување и враќање на рамниот данок. 

„ВМРО-Народна партија уште на почетокот беше против одлуката за промена на даночната политика во Македонија и се уште стои на ставот дека не е потребно само одложување, туку и целосно укинување на прогресивното оданочување.

Причините за ваквиот став ги согледа и самата Влада со тоа што прогресивната даночна политика всушност резултираше со контрапродуктивен ефект”, се наведува во соопштението од ВМРО-НП.

Од партијата сметаат дека со укинувањето на прогресивната даночна политика ќе се постигне најдобар ефект и ќе придонесе за поголема стабилност на бизнис секторот.

 

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе