ВМРО-НП бара брзи тестови кои граѓаните сами ќе ги купуваат во аптека

ВМРО-Народна партија објави дека имаат информации дека во некои од соседните земји веќе се продаваат брзи ПЦР коишто луѓето можат самостојно да ги купат во аптека и самостојно во рок од петнаесет минути да направат проверка дали нивниот резултат е позитивен или негативен. Цената на овие брзи ПЦР тестови, според партијата, изнесува околу 12 евра.

„Зачудени сме зошто македонските фармацевтски гиганти не ги увезуваат и пуштаат на пазарот ваквиот тип на тестови кои од една страна ќе доведат до значително финансиско олеснување на луѓето, а од друга страна пак, ќе се избегнат долгите редици во медицинските центри и лабораториите со што дополнително ќе се спречи и можноста за ширење на дополнителна зараза.

Ако фармацевтските компании немаат интерес за ваков увоз тогаш може и самата Влада да направи директен увоз на вакви ПЦР тестови и да се пуштат во широка продажба за масовна самоконтрола и проверка на луѓето“, велат од ВМРО-Народна партија.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе