ВМРО-Народна партија: Со овој изборен модел македонскиот етникум е најмалку застапен досега

ВМРО-Народна партија преку соопштение денеска оцени дека изборите поминале во мирна и демократска атмосфера, со што се потврдува фактот дека Македонија е етаблирана демократија во поглед на изборните процеси.

Сепак, од партијата велат дека и на овие избори се потврди дека изборниот модел е надминат и дека големите партии се непотребно фаворизирани со овој систем, а малите политички партии претрпуваат порази несоодветни на нивните гласачки тела.

„ВМРО-Народна партија со жалење констатира дека благодарејќи на изборниот модел кој го фаворизираше ВМРО-ДПМНЕ доживеавме македонскиот етникум да е најмалку застапен досега во историјата на македонските избори.

Исто така, ги повикуваме стратезите на ВМРО-ДПМНЕ кои се бореа за овој изборен модел да признаат дека овојпат со ова залагање си го нанесоа својот најголем пораз и веруваме дека после овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе биде најголемиот застапник за ‘Македонија-една изборна единица‘, секако доколку има таму некој кој може да направи едноставна анализа на работите.

Уште еднаш го потсетуваме ВМРО-ДПМНЕ дека патриотизмот не е во паролите и во натписите на маиците, туку и во конкретните дела и чекори за кои се залагаме“, се вели во соопштението од ВМРО-Народна партија.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе