ВМРО-Народна партија го поддржува предлогот за една изборна единица

ВМРО-Народна партија, денеска со соопштение ги поддржа повиците за промена на Изборниот законик со што Македонија ќе биде една изборна единица со минимален или без изборен праг.

„ВМРО-Народна партија се радува што предлогот за една изборна единица добива поддршка и од партиите кои во не толку далечната 2011 година кога и за прв пат укажавме на потребата од промена на Изборниот законик, не смогнаа сили да се придружат кон нашиот предлог и да го поддржат иако учествуваа во владината коалиција.

ВМРО-Народна партија и после осум години стои на ставот дека со ваквата промена ќе се забетонира плурализмот односно широко ќе се отвори демократскиот процес подеднакво за сите партиско-политички чинители“, се наведува во соопштението.

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе