Во врска со случајот на Пецаков, ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ фабрикува факти.
„Пецаков на 19 јануари се тестира за потреби од патување, а се изолира веднаш по добивањето на резултатот, СДСМ ќе одговараат за клеветите што ги шират. Градоначалникот Кирил Пецаков на 19 јануари направил тестирање за ковид за потребите од патување во странство со цел добивање на сертификат, а не затоа што чувствувал симптоми. Веднаш по добивањето на резултатот, кој го добил доцна во денот, а на кој бил позитивен се изолирал. Два дена по првиот тест градоначалникот Пецаков прави втор тест, на кој истиот е негативен. И двата теста се спроведени во Центарот за јавно здравје во Охрид, од каде и се шират сите небулози“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата најавуваат дека во наредниот период градоначалникот Пецаков ќе покрене постапки за клевета против СДСМ дека ќе има одговорност за сите инволвирани во фабрикувањето на лагата.