ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Русковска не го вика Оливер Спасовски за сведок во „Рекет“?

Случајот „Рекет" е единствениот целосно реализиран проект на Зоран Заев во овие три години бидејќи и тој и неговите соработници безрезервно му се посветија. Јасно е дека власта не можела да работи ништо друго бидејќи цел мандат нивните функционери наместо да носат инвестиции пиеле кафе со Боки 13, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо натпревар кој повеќе проекти ќе направи имало натпревар кој повеќе слики ќе има со Боки 13. Цел политички врв е фатен во криминален октопод, а Русковска обвинителството невешто ги прикрива луѓето од власта.

Иако спомнат од жртвите во „Рекет“, Вилма Русковска не најде причина да го повика Оливер Спасовски на распит и да го праша зошто не постапил кога цела јавност знаеше дека Боки 13 функционира криминално. Јавноста и без Русковска ја знае вистината дека врвот на власта е длабоко уплеткан во „Рекет“.

Наместо да се насочи кон организаторите и функционерите кои му дале моќ на Боки 13 да рекетира бизнисмени повеќе од една година и никој да не смее да го пријави, Русковска го затвори случајот со извршителите. Бегањето од правдата нема да трае уште многу. По 12 април ќе има комплетна одговорност за сите кои се огрешиле кон законите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе