ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Љупчо Николовски ги понижија земјоделците

Земјоделието е во катастрофална состојба. Над 60 илјади тони јаболка во ресенско стојат во магацините, на само 2 месеци пред крајот на сезоната. Јаболкарите кои треба да почнат со подготовка на плантажите за новата сезона немаат средства за обработка на нивите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски ги понижија земјоделците. Минатата година без пласман останаа производителите на зелка, домат, пченица, слива, бостан, грозје, праска и ориз, земјоделците наместо загарантиран откуп и фер цени, немаа никаков откуп.

Заев ги излажа земјоделците и го клекна земјоделието на колена во изминативе две години. Земјоделците се жртва на манипулација. Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци.

Власта не смее да остане глува на проблемите на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ бара власта под итно да ја врати интервентната мерка по 3 денари од килограм и да им помогне на јаболкарите. Лошите политики на СДСМ во земјоделието, само ја зголемуваат сиромаштијата, која е во пораст во Република Македонија, при што бројките велат дека граѓаните кои живеат на прагот на сиромаштија изнесува половина милион. Зоран Заев и СДСМ немаат легитимитет повеќе да ја водат државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе