Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е на прав пат да ја уништи државата

Со право јавноста се прашува за каков прав пат говори кога нема напредок во ниту едно поле, туку само пропаѓање надолу. Така подобро е да се каже дека Македонија со Заев е во стрмоглав пад, реагира ВМРО-ДПМНЕ на говорот на премиерот Зоран Заев во Штип.

„За Зоран Заев прав пат е падот на листата на Транспаренси Македонија каде што по индекс на перцепција на корупција делиме 93 место заедно со афричките земји. За Зоран прав пат е падот на стандардот на граѓаните при што имаме над 500 илјади граѓани кои живеат на работ на сиромаштијата. За Зоран Заев прав пат е бесперспективноста на граѓаните. Над 80% од младите сакаат да ја напуштат Македонија затоа што младинската невработеност е 47%.За Зоран Заев прав пат е податокот дека на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Македонија, затоа што образованието тоне во хаос. За Зоран Заев прав пат  е најнискиот раст на економијата на регионално и европско ниво и тоа што јавниот долг надмина 5 милијарди евра. За Зоран Заев оценката нула од странските инвеститори е прав пат и податокот дека странските инвестиции се убедливо најниски во регионот. Прав пат за Заев е случајот Рекет 1, Рекет 2, Рекет 3, заедно со торбите Луј Витон во кои до гуша се заглавени лица од неговото непосредно опкружување, што само потврдува дека токму тој е главата на вака добро организираниот криминален октопод”, пишува во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе