Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците со СДСМ едвај преживуваат

СДСМ за три години ги понижи земјоделците и ги доведе до раб на преживување. Затоа сега СДСМ е во паника поради погрешните политики во земјоделието кои ги водеше изминатите три години. СДСМ и Зоран Заев на земјоделците им ветуваа брда и долини. Ветуваа загарантиран откуп, поголеми откупни цени, нови пазари, ветуваа дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да им понуди на земјоделците, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за техничкиот министер за земјоделство Цветан Трипуновски.

 

„Земјоделците од тоа не добија ништо. Немаше загарантиран откуп, немаше повисоки откупни цени, а немаше ни нови пазари. Родот наместо на пазарите заврши по улиците и буништата. Проектот млад земјоделец целосно го утнаа, додека пак зелената нафта не ја добија ни половина од земјоделците, а и тоа што го добија беа ваучери од 500 денари, пари со кои не можат ни до бензиска да отидат не пак да ги обработуваат нивите. За катастрофалната политика на СДСМ во земјоделието говори и фактот дека овие три години сведоци сме на чести протести на земјоделците кои едвај врзуваат крај со крај и не можат да ги издржуваат своите семејства.

Токму тоа е причината поради која СДСМ се исплашени затоа што на виделина ќе излезат сите нивни матни и криминални зделки во земјоделието поради кои земјоделците се на работ на егзистенцијата. Набрзо СДСМ ќе стане само црно минато за земјоделците и за сите граѓани на Република Македонија. Следува време на чесни политики, со кои ќе се врати достоинството македонските граѓани“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе