Партиско соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Зечевиќ позитивен на ковид ширеше зараза, очекуваме кривична пријава

Генералниот секретар на СДСМ Миче Зечевиќ официјално е позитивен на ковид-19 од 20 јануари, а ден претходно без маска ширеше зараза на Водици во Охрид, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ и нагласува дека СДСМ тоа го крие замајувајќи ја јавноста со охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.

„СДСМ крие дека Зечевиќ бил позитивен и ширел зараза во Охрид! СДСМ додека ја замајува и лаже јавноста за охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, нивниот генерален секретар Миле Зечевиќ на 19-ти во Охрид за време на Водици, без заштита, без маска ширеше корона меѓу охриѓани. Зечевиќ и официјално е позитивен на корона вирусот од 20 јануари, што значи дека претходниот ден ширел корона меѓу охриѓани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата преку соопштение ја повика директорката на центарот за јавно да го осуди, како што е нагласено, за неодговорното постапување на Зечевиќ.

„Да се оттргне од партиските канџи на СДСМ и наместо како портпаролка на власта нека постапи совесно и нека побара кривична пријава за Зечевиќ“, пишува во соопштението и се додава дека „СДСМ напаѓајќи го и фингирајќи случај против градоначалникот Кирил Пецаков само докажува дека се неспособни да се справат со короната која однесе над 8 илјади животи“.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе