ВМРО-ДПМНЕ: Замрзнувањето на цените е задоцнета мерка, неопходни се повеќе мерки за да се заштити стандардот

Лошите економски политики на владата предводена од СДСМ и премиерот во заминување, Зоран Заев ги донесоа граѓаните до се поголема сиромаштија. Освен за криминалот и полнењето на своите џебови, Зоран Заев и неговите пиуни не мрднаа со прст за да се спречи оваа енергетска криза, која се одразува на целата економија во државата. Само оваа криминална власт не можеше да го види зголемувањето на цените на основните прехрамбени продукти за граѓаните. Откако тие поскапеа за повеќе од 30% Владата на СДСМ реши да ги замрзне цените за некои од продуктите, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е задоцнета мерка која само ќе го ублажи ценовниот шок, и нема да биде доволна за спречување на инфлацијата, бидејќи се потребни многу повеќе мерки кои треба да се донесат час поскоро, за да се заштити стандардот на граѓаните.

Граѓаните ги очекува и зголемување на цената на електричната енергија за над 20 %, а со тоа и уште поголема инфлација и зголемување на сиромаштијата.

Наместо енергетските капацитети во државата да произведуваат електрична енергија, и да бидат подготвени за енергетската криза која и беше најавувана, Зоран Заев и Васко Ковачевски гледаат само како повеќе да украдат од енергетскиот систем во државата.
Затоа сега државата ќе увезува двојно и тројно поскапа електрична енергија, а цената ќе ја платат единствено граѓаните преку повисоки сметки за струја и преку зголемената цена на основните прехрабени продукти и инфлацијата.

СДСМ и премиерот во заминување, Зоран Заев не се способни да се справат со еконоската и енергетската криза. Тие се способни само за местење на тендери за фамилијата Заеви и криминалот и корупцијата кои ја уништија државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе