Партиска реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев за Фрчкоски доби црвено светло од Вашингтон, а сега го предложи за амбасадор во Њујорк

По изјавата на собранискиот спикер Талат Џафери дека за амбасадор во Обединетите нации е предложен професорот Љубомир Фрчкоски, реагира ВМРО-ДПМНЕ: „Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор на САД, и доби црвено светло од Вашингтон. Заев, наместо да ја сфати пораката, го предлага за амбасадор во ОН. Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам. Заев сака да го прати Фрчкоски во Њујорк, на територија на земјата која веќе го одби. Тоа е дипломатски аматеризам и дилетантизам".

ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека Заев предлага амбасадор во ОН, „кој има сомнително криминално минато".

„Фрчкоски беше посочен од криминалецот Љубомир Магаш ,како министер кој учествувал во шверцот на нафта и цигари во деведесетите години. Фрчкоски е докажан женомразец и тепач на жени. Фрчкоски беше обвинет од сопствената сопруга дека ја тепал и малтретирал. Фрчкоски тепаше студенти на универзитетски кампус. Фрчкоски не може да биде амбасадор во ОН, најголемата организација која ги промовира и штити човековите права и мирот во светот. Тоа е исто како да пуштиш слон во продавница за порцелан“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе