ВМРО-ДПМНЕ: Заев за 4 години ги потроши најголемите буџети, а ништо не направи, долгот ќе стигне до неверојатни 8,5 милијарди евра

Македонија ја води најкорумпираната власт во Европа. Затоа македонската економија тоне од ден во ден. За една година 6.200 компании се затворени и има 60 илјади нови невработени, а околу 600 илјади лица живеат на прагот на сиромаштијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта на Заев наместо за стандардот на граѓаните се грижи како да го зголеми стандардот на елитата околу нив. 65% од работниците земаат помалку 25 илјади денари. Дополнително секој ден се соочуваат со зголемување на цените на производите. Поскапеа горивата и струјата, се воведуваат зелени такси и даноци кои немаат врска со екологијата, туку со полнење на празниот буџет. Потрошувачката кошница поскапува, а народот осиромашува.

Јавниот долг на Македонија надмина 7 милијарди евра, а прогнозите на власта се дека тој ќе порасне до уште поневеројатни 8,5 милијарди евра или скоро 66% од БДП. Ова се 6 процентни поени повеќе од границата предвидена со Мастришкиот критериум. Патем нема никакви капитални инвестиции, нема нови автопати, болници, училишта и студентски градови, сето она кое што го ветуваа Заев и СДСМ, а кое што не го реализираа овие 4 години.

Овие 4 години власт на Заев се 4 украдени години за граѓаните. Овие 4 години ги имаат потрошени историски најголемите буџети, а нема никакви резултати од тоа. Само гледаме богатење на луѓето од власта од една страна, и осиромашување на огромното мнозинство граѓани. Ова мора да престане. Заев мора да биде поразен“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе