ВМРО-ДПМНЕ: Заев во 2020 ја фрли Македонија на колена

Зоран Заев вети многу, но ништо не реализира. 2020 година е година на промашувања, криминали, наместени избори и неспособност на власта. 2020 година ќе остане запаметена како најлоша година за Македонија, соопштува денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев спроведе талибански избори, со поткуп, насилие и нерегуларности. СДСМ успеа да ја пропадне Еуростандард банка, фирми блиски до Заев испумпувале милиони на име кредити без покритие и ја причинија 200 милионската афера. Заев фатен како дава земјиште за градба на згради на местото на ШИК Јелак за багатела, за бизнис вреден 200 милиони евра, за кој постојат снимки од кои се слуша дека лично Зоран Заев земал мито. Бојан Јовановски, човекот што ја носеше торбата полна со изрекетирани милиони, кажа дека парите од Рекет завршиле кај Зоран и Вице Заеви. Заеви кршеа полициски час и делеа поткуп во ек на пандемија. СДСМ ја задолжи државата за над 1 милијарда евра за само 3 месеци. Долгот скокна над 60%. Килограм грозје се продаваше за 1 денар, а килограм тутун по цена од една кутија цигари. Езерата ги пресушија за краткорочен профит и ја оставија Македонија речеси без вода. Ги истрошија сите начини на крадење, па на крај трошеа европски пари за финансирање и дресирање на магариња. Македонија доживеа дебакл. Нема почеток на преговори, иако Заев ветуваше почеток во декември. Народот го фати во продажба на идентитетот, јазикот и историјата. Заев делумно се повлече. Македонија влезе во рецесија. Заев ја турна економијата во амбис. Добивме вето за влез во ЕУ. Ковид пандемијата однесе  скоро 2500 животи, а околу 83.000 заболеа. Власта купува медиуми со државни пари. Заев му подари на Макпетрол 15 милиони евра, наместо за народот, парите отидоа кај олигарсите.

Со Заев претрпевме само порази. Македонија тонеше 12 месеци. Цела година“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе