ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да одговара многу повеќе од 50 евра, ја уништи економијата

Зоран Заев со казната од 50 евра за сообраќаен прекршок сака да ја залажува јавноста дека во Македонија има правна држава, пишува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. 

„Додека прават евтин театар јавноста сѐ уште очекува реакција од институциите за криминалниот бизнис кој го направи Заев со контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ тежок 200 милиони евра. Јавноста чека реакција од институциите и за аферата ‘Леонардо’ и за аферата ‘СВ Инвест’ и за десетици криминали на власта на Заев тешки стотици милиони евра. Аболицираниот криминалец Заев треба да одговара многу повеќе од 50 евра казна”, се наведува во соопштението.

Од партијата уште обвинуваат дека Заев ја направил Македонија најкорумпирана држава во Европа во која мафијата се богати, а народот осиромашува. 

„Ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој 40.000 луѓе останаа без работа, а економијата отиде во минус 12,7%. Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот. Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија”, се додава во утринското соопштение.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе