Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се надева дека во иднина ќе биде аболициран

Зоран Заев и СДСМ се за амнестија и аболиција на политичари. Зоран Заев е за амнестија, затоа што и сам е амнестиран криминалец, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Зоран Заев и СДСМ два дена бегаат од предлогот на претседателот Христијан Мицкоски да се усвои законско решение луѓе кои биле аболицирани да не можат да се занимаваат со политика, како и луѓе кои се занимаваат со политика да не можат да бидат аболицирани.

Зоран Заев не го прифаќа предлогот на Мицкоски затоа што се надева дека во иднина ќе биде аболициран за криминалите кои ги прави. Попусти се сите надежи на Заев. Одговорност за сѐ што стори ќе има. Амнестии и аболиции за политичари нема да има. По 12 април следува правда и правна држава“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе