ВМРО-ДПМНЕ: Заев се фали со нашите проекти

Капиталните инвестиции се на најниско ниво во историјата на Република Македонија. Неспособноста на Заев оди до таму што не може да ги заврши проектите кои ВМРО-ДПМНЕ ги почна, а тешко му оди и пуштањето во употреба на готовите проекти кои им ги остави владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ па одолговлекува, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев заборави на ветените 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.100 километри локални патишта кои јасно ги ветуваше пред изборите од пред две години.

Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект кој што беше реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото пуштање во употреба се одложуваше повеќе од 10 месеци поради неспособноста на владата на СДСМ.

Заев ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Неосновано се пролонгираше рокот на нивно завршување и пуштање во употреба.

Но сите овие проекти со кои Зоран Заев и неговите министри се фалат се на ВМРО-ДПМНЕ. Овој факт не може да се оспори и граѓаните добро знаат кој ги изгради овие автопатишта, залудни се трубачите на Заев. Граѓаните имаат добра меморија и знаат кој што има изградено“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе