ВМРО-ДПМНЕ: Заев сака да го направи геноциден македонскиот народ

Зоран Заев се крие и не го кажува ставот за Делчев и македонскиот јазик, ниту пак дали ќе го направи македонскиот народ геноциден. Заев се крие од македонската јавност и не сака да го каже својот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев спрема декларација на договорот со Бугарија, за кој тврдеше дека е финален и ги затвора сите отворени прашања со Бугарија, и дека истиот ја гарантирал европската иднина на државата. Сега гледаме дека Зоран Заев ги лажел граѓаните. Договорот кој го потпишал ниту е финален, ниту ја гарантира европската иднина на државата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската партија Заев целиот мандат го поминал во потпишување на некакви договори, а земјата тапка во место.

„Зоран Заев нема став и не ги осудува нападите кои доаѓаат кон Македонија. Зоран Заев молчи и по прашањето дали навистина сака да го направи македонскиот народ геноциден народ, работа за која во јавноста проговорија некои македонски историчари. Тој како премиер ги обременува и државата и народот со работи за кои не се преговара. Зоран Заев треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува продавањето на Гоце Делчев и македонскиот јазик и дека секој негов договор за тоа нема да биде почитуван од ВМРО-ДПМНЕ и ќе биде поништен со нашето доаѓање на власт“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе