ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна дека фирма на Вице земала кредити од пропаднатата Еуростандард банка

Зоран Заев призна дека фирма на Вице Заев е вмешана во криминал тежок 200 милиони евра. Имено фирма каде Вице Заев е косопственик земала кредити од сега пропаднатата Еуростандард банка, тоа го призна лично Заев. Самиот Заев прво негираше дека фирми на неговото семејство се вмешани во скандалот со Еуростандард банка, за откако почнаа са излегуваат сведоштва и докази, призна дека се дел од 200 милионската афера, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Илјадници штедачи се уште ги чекаат своите пари, животните заштеди на некои луѓе пропаднаа преку ноќ, а фирми на Заев и ним блиски луѓе земале кредити без покритие.

Заеви и ним блиски луѓе се богателе на сметка на штедачите чии пари ги нема, затоа што завршиле како пласирани кредити без покритие.

Ова сведоштво на Заев е скандалозно само по себе. Заев доколку имаше грам совест после пропаѓањето на банката ќе си поднесеше оставка, но тоа не се случи затоа што партискиот и политичкиот интерес на Заев му се пред државниот.

Одговорност за криминалот во Еуростандард банката, како и во сите криминали во овие 100 дена влада, но и пред тоа мора да има. За да има одговоеност, треба Заев човекот кој го држи системот заробен да си замине. Оставка на Заев, слобода на народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе