ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Панама пере пари со анти ЕУ бизнисменот Дака

Инвестицијата на Дака е панамска шема за перење пари во Македонија одобрена од Заев, со кого Дака имал средба како што слушнавме од снимката која ја објавија медиумите, по што дал и 300.000 евра и 2.000 метри квадратни поткуп за да му се заврши работа. Но и ветување дека откако ќе се заврши работата ќе даде уште 4 милиони евра, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во ЕУ нема со Заев, кој преку Панама пере пари со анти ЕУ бизнисменот Дака, а обвинителството спие. Згора на тоа Маричиќ кој треба да се бори против тој криминал вели дека не слушнал за скандалот.

Фирмата на која гласи земјиштето на ШИК Јелак на кое е предвидена изградба на над 2.000 станови, и илјадници метри квадратни трговски и деловни објекти е формирана во Панама - Адастра груп корп, а Давидовиќ Дака е нејзин сопственик, а истата во Македонија го купила ШИК Јелак со обврска да ја рестартира фабриката. Што не се случи затоа што Заев има друга бизнис шема.

Еден ден по формирањето на Владата работата му е завршена. Донесена е измена на ДУП со која на Дака му се овозможува да изгради бетонска џунгла среде Тетово. На простор на објект, кој истиот го зема со намена да го рестартира како производствен капацитет.

Заев и Владата прават измама и на Дака му дозволуваат да гради згради на место кое требало да биде фабрика. Место кое доколку првично се продавало како парцела за станбени згради ќе посигнело многу повисока цена, од цената која ја платил Дака. А со тоа е оштетен буџетот на Македонија.

Целиот процес е крајно сомнителен. ЈО мора веднаш да отвори постапка и да утврди: Каде завршиле 300.000 евра и 2.000 метри квадратни кои Дака вели дека ги дал во снимката? Дали и на кого платил уште 4 милиони евра мито? Колку е оштетен буџетот на Македонија со тоа што Дака купил фабрика со огромно земјиште на кое сега ќе гради згради?

ЈО мора да реагира. Криминалот не смее да остане неказнет“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе