Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не гледа во каква беда живеат македонските граѓани

Чистиот воздух и луксузните хотели во Гармиш ја пореметуваат сликата на Заев кој очигледно не гледа во каква беда живеат македонските граѓани денес. Две години откако тој е на власт Македонија е понижена и посрамена, избришано е името на земјата, нејзиниот идентитет е распродаден, а ќе се менува историјата, културата и традицијата, реагира ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на премиерот Зоран Заев.

„Експертската јавност потврдува дека Законот за двојазичност е спротивен на Уставот и е објавен во Службениот весник надвор од сите правни процедури, спротивно на Уставот, спротивно на законите на Република Македонија, насилнички на истиот начин на кој што беше изгласан. Две години откако Заев е на власт Македонија тоне во корупција, парите на граѓаните завршуваат во џебовите на партиски и државни функционери преку криминални тендери и грантови.

Заев ја лаже македонската јавност дека капиталните инвестиции се во пораст 2018, која  историски се покажа како најлоша година за реализација на капитални инвестиции од било која Влада досега.

Заев безочно лаже и се фали дека започнала со изградба на нови автопатишта, а изминатите две години не е реализирана изградбата на ниту еден автопат ниту една капитални инвестиција. Ако  Заев толку верува во анкетите и реализацијата на ветеното нека се врати од Германија и нека распише предвремени парламентарни заедно со претседателските“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе