ВМРО-ДПМНЕ: Заев наместо живот, донесе беда и сиромаштија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение ја обвини владата дека ја покачила акцизата, па со зголемување на цената на горивата граѓаните сѐ повеќе осиромашуваат.

„СДСМ континуирано удира по џебот на граѓаните со покачување на нафтата. Оваа влада не исполни ништо од ветувањата дека ќе ги укине давачките, туку напротив воведе акциза од дополнителни три денари на грбот на граѓаните и на бизнис секторот.

Со новото покачување на нафтата која достигна цена до 66 денари СДСМ ќе ги доведе граѓаните до питачки стап. Пред Заев да дојде на власт, цената на нафтата изнесуваше само 46 денари, а сега изнесува 66 денари што е 43% повеќе. Со просечна плата од 1 Јуни 2017 пред Зоран Заев да ја преземе власта граѓаните можеле да купат 474 литри нафта додека во моментов со просечна плата  можат да купат 367 литри или за 107 литри помалку .

Ова јасно зборува дека Зоран Заев наместо живот, донесе беда и сиромаштија“, пишува ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ и покрај сите критики и сугестии од јавноста и стручната фела сепак одлучил да ја зголеми акцизата на грбот како на граѓаните и на стопанството.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе