ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја води нацијата кон самоукинување

Зоран Заев ја доведе македонската нација пред обезглавување. Светски медиуми лиферуваат вести дека договорот со Бугарија кој Заев го води ќе резултира со прифаќање на бугарски корени на македонската нација и јазик. Заев со своето недржавничко однесување ја донесе нацијата пред степен на самоукинување", реагира ВМРО-ДПМНЕ со соопштение.

„Ниту една држава во светот нема забрана за национално самочувство, само македонската, затоа што Зоран Заев е премиер. Зоран Заев се уште молчи како што молчи недели наназад и не кажува дали и кој е неговиот став за Гоце Делчев и македонскиот јазик.Заев нема став исто како што немаше за ништо до сега. Затоа нацијата се соочува со катастрофи на секое поле", се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека Заев не покажал ниту менаџерски способности да се справи со ковид кризата и дека најважно му е да го полни буџетот удирајќи по џебот на граѓаните.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе