ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја премолча изјавата од коалицискиот партнер ДОМ дека струјата треба да поскапи

Два дена реакции во јавноста за изјавата на коалициската пратеничка на Заев, Морачанин, дека цената на струјата требало да биде поскапа. Заев никаде го нема да им објасни на граѓаните дали се согласува дека народот треба да плаќа уште поскапа електрична енергија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Попусти се фалбите на СДСМ дека граѓаните нема да плаќаат поскапа електрична енергија, со намалувањето на ДДВ-то, кое по вина на власта се одолговлекуваше во Собранието. Граѓаните не треба да бидат излажани, законското решение е до крајот на годината, а со неспособното владеење на СДСМ народот го очекува ценовен шок.

Храната е поскапа, инфлацијата е во подем, горивата се поскапени за 14 денари, сметките на граѓаните растат, платите не се доволни за нормална живеачка, а Заев без мака воведува и нови давачки, затоа што ја задолжи државата за дополнителни 2,4 милијарди евра, а тендерите во четири очи го испразнија Буџетот.
Јавноста реагира за поскапата електрична енергија, а експертите предупредуваат дека со затворањето на РЕК Битола и недоволните производни капацитети, власта која појма нема од менаџирање со државните ресурси се обидува да го осуди овој народ да плаќа даноци, нови покачувања и измислени нови давачки.
Нема да дозволиме оваа тажна реалност во која живее македонскиот граѓанин да продолжи. Со новиот концепт „Македонија за сите луѓе“ знаеме како и ќе се погрижиме да се продолжи животот на термоелектраните, што само по себе ќе обезбеди поголемо производство на електрична енергија која ќе биде поевтина за сите домаќинства. Власта не е способна на граѓаните да им обезбеди поевтина електрична енергија, но ние не само што ќе ја намалиме цената на чинење на струјата, туку и ќе обезбедиме парите од покачената акциза да се вратат кај граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.


 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе