ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Владата се неспособни да се справат со коронавирусот

Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ и по шест месеци откако се појави корона вирусот немаат стратегија како да се справат со ковид-19 и последиците кои произлегоа од оваа криза, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Според партијата, Заев и СДСМ не обезбедуваат никаква заштита на здравјето на граѓаните, ниту нудат некаква сигурност или излез од ситуацијата.

„Бројката на заболени е повеќе од 11 илјади или скоро шест пати поголема од прогнозите на министерот за здравство, Венко Филипче. Бројот на починати лица надмина 500. И покрај ова надлежните ниту знаат што е ова што се случува сега, ниту пак што следи на есен. Тешко се снаоѓаат и со кластерите.

Заев и Владата предводена од СДСМ не знаат ниту како да се справат со последиците од корона кризата. За помалку од 30 дена стартува учебната година и се нема план ниту за образованиот процес. Децата и родителите не знаат дали ќе стартува учебната година со физичко присуство и доколку е така како ќе се одвива наставата или пак образовниот процес ќе се одвива онлајн“, се вели во соопштението.

ВМР)-ДПМНЕ уште додава дека Заев и Владата предводена од СДСМ знаеле само како да се нанесе штета на граѓаните и државата.

„Заев и Владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само три месеци. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително на тоа Владата продолжува со ново задолжување. Поради лошите политики, ситуацијата оди на полошо бидејќи ниту Владата, ниту СДСМ немаат план и стратегија за справување со  кризата“, пишува во партиското соопштение.

 

 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе