ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ без срам профитираат со тестовите за коронавирус

Наместо за животите на граѓаните и санирање на економските последици од оваа страшна несреќа која го погоди светот, власта се занимава со личен профит, тендери и непродуктивни трошоци на грбот на граѓаните. Тестот за коронавирусот кој чини неверојатни 5 илјади денари е само последниот пример за  срамното профитерство на власта, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во време кога Светската здравствена организација препорачува масовно тестирање на граѓаните за присуство на коронавирусот, Фондот за здравство наплаќа неверојатно висока цена за тестовите, додека Заев бара намалување на платите на работниците.

Најскандалозно во целата ситуација е тоа што истите тестови за коронавирусот во приватните клиники чинат три пати помалку, односно 1.200 и 1.500 денари. Се поставува прашањето кој профитира од несреќата на граѓаните? Разликата во цена е огромна и достигнува и до 3.750 денари.

Да не заборавиме дека институциите со кои раководат Венко Филипче и Ден Дончев и претходно вмешани во сериозни криминалии во врска со рекетирање на фирми кои се занимаваат со дијализа, но и други скандалозни и крвави тендери.

Ова што се случува е срамно, а по завршувањето на кризата некој за ова ќе треба да одговара пред законите на Република Македонија“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе