ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче не се способни ни донирани вакцини да преземат

Епска срамота на Заев и Филипче. Не се способни ниту донирани вакцини да преземат додека народот умира. Да имаа грам одговорност денес ќе напишеа оставка и ќе се извинеа на нацијата. Арамијата Заев прво чекаше вакцини од Грција, не ги доби, па од Бугарија кои исто не ги доби, сега од Србија, никако да му стигнат, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да чека донации, до сега требаше да се фати за работа и сам да набави, а не да ја срамоти државата кај ќе стигне. Цел регион и цела Европа одамна се вакцинира, а Заев се фали дека ќе му стигнат вакцини, кои не ги набавил, туку некој друг му ги подарил. А тие никако да стигнат. Македонија со Заев стана земја за жалење, наместо да обезбеди вакцини на време, тој моли за вакцини низ соседството, прво се фалеше со бугарски вакцини, кои не му стигнаа, а сега со српски.

Македонија се уште е на врвот на листата на земји по починати од ковид-19 на 1 милион жители, а голем дел од тие животи сега ќе беа спасени доколку Заев набавеше вакцина на време. Филипче и Заев се неспособни да извршат набавка на вакцини, а уште помалку ќе извршат вакцинација. Според нивниот план за вакцинација Македонија ќе се вакцинира 3 години.

Филипче и Заев се неспособни, а резултатот од тоа е голем број на заразени и починати граѓани од ковид-19“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе