„Денешниот ден беше најдемократски и најфер без посериозни нарушувања во текот на целиот ден. Сакам да им се заблагодарам на македонските полицајци кои макотрпно работеа во изминатиот период и во текот на денешниот ден. Покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство. Упатувам Благодарност и до сите набљудувачи кои допринесоа да имаме нормален изборен процес“, рече на прес-конференција министерот Тошковски.
Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.
„Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин“, изјави Бојмацалиев.