Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Ангеловска не водат фабрика за ајвар или агенција за интернет трговија, туку држава

Развој на економијата и на државата нема, ниту може да има со ваква неспособна Влада. Зоран Заев и Нина Ангеловска со ребалансот предлагаат популистички буџет, во кој се крати од развојните проекти, како капиталните инвестиции за да има пари за популистички мерки, кои имаат краткотраен ефект, реагира ВМРО-ДПМНЕ на информацијата дека Владата го усвоила ребалансот на Буџетот.

„Планот на Заев е префрлање на пари во непродуктивни трошоци за да го минимизира незадоволството од расипништвото и корупцијата на неговиот кабинет. Колкави се дупките во економијата кои ќе се отвораат на ваков начин, Заев не го интересира бидејќи знае дека е соочен со пораз на изборите. СДСМ заминува, а за сите нерегуларности ќе има одговорност.

Нема поголем апсурд кога премиер говори за исплата на пари на рака, а министерот за финансии го спушта погледот во земја. Тажно е кога премиер говори за „честење“ на работници, а неговиот министер молчи. Зоран Заев и Нина Ангеловска не водат фабрика за ајвар или агенција за интернет трговија, туку држава. Давање на плата, наместо жирално, во кеш, нешто што Заев го прикажува како частење, е кривично дело, бидејќи на тој начин се избегнува плаќање на даноци.

Македонија блеска само во главата на Зоран Заев. Во реалноста имаме 2,5% помалку работници во индустријата во јули оваа година, во однос на јули минатата година, односно на 100.000 работници лани, а сега имаме 2.500 помалку.

Во исто време додека Заев продава ветар и магла, реалниот БДП во однос последен квартал 2018 со прв квартал од 2019 година е паднат за 211 милиони евра. Напразно власта се фали и со субвенциите, бидејќи околу 70 милиони евра од последните неколку години сѐуште не се исплатени. Не се исплатени ниту дополнителните мерки кои им беа ветувани на земјоделците.

Кога станува збор за младите, подобро е Заев воопшто и да не ги спомнува. Зоран Заев е политичарот кој од позиција на опозиција ветуваше враќање на младите во државата. Три години е на власт, не само што не ги врати младите, туку и го забрза иселувањето. Странските директни инвестиции бележат пад од 84,2% односно од 310 милиони евра се паднати на 49 милиони евра, за периодот јануари јуни оваа година во однос на лани. Преку 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, а професорите штрајкуваат заради најниските плати во регионот. Економската политика во целост е промашена. Било каков ребаланс нема да ја спаси власта. Зоран Заев мора да си замине. Доаѓа време за обнова на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе