ВМРО-ДПМНЕ: Заев го загрози здравјето на штипјани

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш по затворањето на избирачките места во Штип се огласи со соопштение во кое го обвини премиерот Зоран Заев дека го загрозил здравјето на штипјани и дека ќе биде виновен за секој заразен и починат во Штип.

„Заев денес го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес.

Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци. Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер ‘избори во Штип‘, чија цена се здравјето и животите на штипјани“, пишува во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, подеднакво одговорен за ова е и кандидатот Николов, кого, како што велат, после сето ова граѓаните нема да го памтат како доктор, туку како политичар зараза.

„Се борел за фотелја газејќи преку докторската етика, животите на штипјани со притисоци, поткуп и закани. Од денес секој починат и заразен во Штип, оди на душа на Заев, Николов и СДСМ“, додаваат од опизициската партија.

 

 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе