Партиско соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го брани Рашковски, треба обвинителот и него да го повика

„Заев е бранител на криминалот на Рашковски кој и понатаму може да влијае на сведоците. Рашковски си дојде со рацете во џебот во судот, а си замина во својот дом наместо во затвор. Луј Витон судството покорно ги слуша нарачките на Заев. 'Немам сомневање дека сѐ е чисто“, рече Заев за случајот со Рашковски, со што нему и на неговите дејствија му дава легитимитет и институционална покриеност, дека тие дејствија се дејствија на Владата, односно на него лично“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Во партиското соопштение понатаму се вели дека премиерот Зоран Заев потврдил оти стои зад Драги Рашковски и набавката на неговиот софтвер.

„Сега Рашковски е приведен, а Заев на слобода. Ако Рашковски постапувал согласно причините кои ги знаел и одобрил и Заев, тогаш најмалку што треба е Заев да биде дел од постапка уште веднаш“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата потсетува на изјава на Заев која ја цитира: „Овие денови ќе ги соопштат сите детали и документи, ова е правено со причина. Не нѝ текнало нас седејќи во Владата 'ај ќе правиме софтвер'. Имало потреба за тоа, затоа што е дел од сите политики и процедури поврзани со соодветните министерства".

Набавката на софтверот на Рашковски, како што резонира ВМРО-ДПМНЕ, „е идеја на Владата и Владата стои зад него, тоа е дел од политиката на владата, тоа го кажал Зоран Заев лично“.

Партијата го повикува Јавното обвинителство Заев веднаш да биде повикан и случајот да го прошири и кон него.

„Имаме јавно признание на Заев, кое е доволен доказ“,наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе