ВМРО-ДПМНЕ: Заев е за брзи корона избори на кои ќе броиме починати, а не ливчиња

Зоран Заев продолжува да ја става својата тажна политичка кариера пред здравјето на граѓаните. Заев и натаму се залага за брзи корона избори на кои наместо да броиме гласови ќе ги броиме новозаразените и починати од корона вирус, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Зоран Заев, претседателот на СДСМ.

„Починатите не се само бројка, тие се наши сограѓани со име и презиме. Не може да бидат решение избори на кои здравјето и животот на граѓаните ќе биде доведено во опасност.

Фактите говорат дека Македонија е рекордер во регионот по смртност на еден милион жители и за жал на врвот по заболени на еден милион жители. Фактите говорат дека во нашата држава се направени најмал број на тестови во регионот.

Додека Заев говори за избори во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 23 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот.

Граѓаните се свесни кои го загрозува нивното здравје, граѓаните се свесни дека власта уште првиот момент на пандемијата со корона вирусот води политика наместо конкретни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Следува казната за ваквото несовесно однесување на Заев и СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе