ВМРО-ДПМНЕ: Заев е нервозен и шири говор на омраза

Народот ги препознава лагите на Заев кој живее во минатото и дебело ќе загуби. Заев 5 години оди низ Македонија и ги лаже граѓаните. Истите ветувања кои што ги даваше на претходните избори повторно ги дава сега. Заев во 2016 и 2017 ветуваше гасификација, гасификација нема, но затоа повторно ја ветува, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема место каде што Заев не ветуваше водоводи и канализации, и повторно за истите места Заев пак ветува водоводи и канализации. 4 години ништо не направиле малите зоранчиња, негови градоначалници. Заев гледа дека дебело ќе загуби и затоа е нервозен. Затoа Заев навредува и шири говор на омраза. Заев нема решение за ниту еден проблем, затоа што тој е проблемот.

Заев 4 години ги лаже земјоделците, лозарите, јаболкарите, овоштарите, оризарите сите мака мачат со продажба на произведеното. Цените кои им се нудат не се доволно ниту трошокот да го покријат, а не пак да им остане нешто за егзистенција.

Народот пати. Половина милион луѓе се на раб на егзистенција со по 150 денари на ден, а Заев вози БМВ од 100.000 евра. Тоа е болната реалност. Со Заев не може напред. Тој е заглавен во минатото се бори со замислени противници, со него Македонија ќе тапка во место. Потребни се промени. А тие промени ги предводи ВМРО-ДПМНЕ и на 17 октомври ќе дојдат. Време е да создадеме нова иднина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе