ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори што му ветил на Бојко за прифаќање на јазикот, историјата и малцинството

СДСМ наместо да праќа празни соопштенија и да се обидува да ја дефокусира јавноста, да побараат од нивниот криминалец шеф Зоран Заев да каже што ветил пред Бојко Борисов за македонскиот јазик, историјата и малцинството, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалецот Зоран Заев без трошка срам го лаже сопствениот народ и ги распродава државните национални интереси. Заев од Македонија направи држава со свиткана р’бет и понижен народ. Заев има две карактеристики, краде, а кога не краде неговата неспособност убива луѓе зошто ништо не прави за справување со корона кризата. Заев од владата направи пазар и се само поради една цел, а тоа е да ја задржи фотелјата и да продолжи да краде.

СДСМ и Зоран Заев се најголемата штета што може да се случи во државата и на народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе