ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори дали Седат Пекер бил во Владата и со кого разговарал

Зоран Заев четири дена молчи дали Седат Пекер бил во Владата, со кого се сретнал и за што е разговарано. Сите видовме како функционери и коалициски партнери на СДСМ се среќавале со Седат Пекер, го примале во општини и институции, како да се работи за сериозен бизнисмен, а не човек со потерница, на чиј грб се ставаат како товар голем број на криминали, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев не одговора дали покрај средбите со неговите луѓе, партиски соработници и коалициски партнери, Пекер имал средби и во владата, за што е разговарано, дали можеби е зборено за бизниси и дали тие бизниси се поврзани со Вице Заев. Јавноста заслужува да знае.

Дополнително Заев мора да одговори дали во целиот период додека Пекер бил во Македонија, тој не добил известување од АНБ за опасноста на истиот, а со тоа и дека тој и неговите луѓе не треба да комуницираат со него? Доколку не што правела АНБ? Доколку да, зошто не ги послушал?

Дополнително зошто и кој дал наредба Пекер да добие полициско обезбедување и коли со флешери, како да се работи за странски државник од највисок чин, а не за криминалец?!

Заев може да молчи, но одговори на овие, и на многу други прашања мора да даде, дали сега, или за некое време сеедно, но одговори, а и одговорност ќе има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе