ВМРО-ДПМНЕ: Заев, човекот кој три пати беше амнестиран за милионски криминал ја укина правната држава

Зоран Заев и Владата на СДСМ се синоним за рекет, корупција и криминал. Eдинствено нешто што јавноста го виде од Зоран Заев овие три години се афери и незаконско работење, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Човекот кој три пати беше амнестиран за милионски криминал сега ја укина правната држава. Рекетарската банда на чело со амнестираниот Заев ја зароби државата и со неа сега владее мафијата.Три години владеење на СДСМ, три години криминал и корупција, три години криминални афери кои кулминираа со најголемата криминална афера во македонската историја, аферата Рекет. Главата на криминалниот октопод, Зоран Заев преку своите пипци навлезе во секоја пора на македонското општество, рекетираше милиони евра и уценуваше македонски бизнисмени, политичари, граѓани“, се вели во реакцијата на опозициската партија. 

Сега гледаме дека Рекетот има и продолжение Рекет 2. Власта не само што рекетирала македонски бизнисмени туку ја злоупотребила својата моќ и влијаеле и врз странски инвеститори.

„Претходно цела македонска јавност слушна како генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски договараше и местеше тендери, велеше „Leonardo will win". Оовој случај како и претходните скандали не доби правна развршница. Нема судска разрешница ниту за крвавите тендери на Венко Филипче кој дозволи анонимна човек фирма да учествува како единствен понудувач на тендер тежок 35 милиони евра. Предвесник на општиот гравеж кој го спроведува оваа криминална банда беше случајот со криманлните грантови од Фондот за инвоации. Русковска и Јовевски се оние кои го амнестираат криминалот на власта, но никој не е вечен па така ни тие. Секој еден ќе одговара за своите постапка, за сторениот криминал. Кога оваа криминална власта ќе си замине ќе има разрешница и за рекетот и за случајот „Леонардо", правда ќе има и за крвавите тендери во здравството и за криминалот со Фондот за иновации, а ќе одговараат и сите оние кои застанаа на патот на правдата" соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе