ВМРО-ДПМНЕ: За Шилегов најголем дострел е нова автобуска постојка и возење тротинет

Зборот за СДСМ не важи, туку секој збор на СДСМ е лага. Шилегов откако е градоначалник, за град Скопје ништо не стори. Тој наместо да работи суштински проекти за граѓаните, за проекти ги смета качување на маси по кафеани, ангажирање на ди-џеи, поместување на автобуска, трчање и мавтање по возила пред молови, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Сепак тој е градоначалник за кого најголем дострел е промоција на автобуска постојка и рекламирање како вози тротинет.  Шилегов подеднакво неспособен како и неговиот шеф Зоран Заев. Шилегов е најнеспособниот градоначалник на Скопје и тоа се гледа од далеку, позади себе нема ниту еден сериозен проект. Тој нема капацитет да го води Скопје. Шилегов мора да си замине, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе