ВМРО-ДПМНЕ: За само 4 години оваа влада го зголеми јавниот долг за 2,4 милијарди евра и не планира да запре

Годинава ќе се задолжиме 1,5 милијарди евра надвор и дома, велат бројките во предлог-ребаланс на буџетот. Ова е сумата која министерот за финансии Бесими ја премолча, кога се пофали дека вратил „стар долг“ за еврообврзницата од 2014 година (кој инаку ионака доспеваше за враќање), од Владата од која беше дел ДУИ - партијата чија министер е, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.  

„Сепак, она што е уште позагрижувачко е тоа што истиот Бесими, согласно донесената Стратегија за управување со јавен долг 2022-2026, планира следната година јавниот долг да достигне вртоглави 8,5 милијарди евра или скоро 66% од БДП. Ова се 6 процентни поени повеќе од границата предвидена со Мастришкиот критериум. Годинава, Министерството за финансии планира јавниот долг да достигне 64%, а следната дури 66%. Тоа значи дека секое четиричлено семејство во земјава ќе должи по 17.000 евра.

Она што е најзагржувачко е каде одат тие пари. Во патишта, училишта, болници и останата инфраструктура - сигурно не. Капиталните инвестиции за седум месеци, односно повеќе од половина година се околу 30%. Истовремено, со предлог-ребалансот се зголемуваат средствата за привремени вработувања, мебел и возила. Значи средствата кои сега ги позајмуваме и кои нашите деца и внуци ќе ги плаќаат во иднина, се трошат на партиски вработувања и луксузирање на функционерите од власта. 

За само 4 години оваа влада го зголеми јавниот долг за 2,4 милијарди евра и не планира да запре“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе