ВМРО-ДПМНЕ: За локалните избори СДСМ оди со стари кадри за штитење на криминалот

Со исти истрошени кадри СДСМ оди во изборен пораз, народот веќе ги прочита. Заев го предложи Шилегов за кандидат за градоначалник за Скопје. Шилегов кој вети и не направи тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров. Шилегов кој не вети, но брка 84 наставници, купува клупи од 500 евра од тропско дрво и плаќа противпожарно возило 900.000 евра поскапо од тоа што го плаќа град Загреб за исто такво возило, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев го предложи Сашко Николов за кандидат за градоначалник за Штип, кој се потсмева со работниците, а додека тој е градоначалник неговите роднини, газдите на Баргала даваат плата од 200 денари на напатениот народ.

За Охрид СДСМ ќе трча со Константин Георгиев, кој две години не смее да сруши една дивоградба, заради кој статусот на Охрид на листата на УНЕСКО виси.

Заев избра кадри кои се слика копија на него. Заев избра неработници, неспособни и кандидати заштитници на криминалот. Време е да се стави крај на оваа безидејност. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја покаже разликата. Време е за Македонија за сите луѓе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе