ВМРО-ДПМНЕ: Во вторник ново задолжување, јавниот долг е веќе 5 милијарди евра

СДСМ немилосрдно ја задолжува Македонија. Власта во вторник ќе ја задолжи државата за над 53 милиони евра. Откако е СДСМ на власт не поминува месец без две три задолжувања. Постојаното задолжување резултираше со скок на јавниот долг на над 5 милијарди евра, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„И додека не запираат новите кредити кои со камата ќе ги враќаат идните генерации, власта не гради ништо. Парите наместо на капитални проекти одат за партиски вработувања и популистички мерки, кои немаат никаков ефект врз граѓаните. Расипничките политики на Зоран Заев и СДСМ мора да запрат. СДСМ мора да си замине“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе