ВМРО-ДПМНЕ: Во вториот круг масовна излезност за глас против власта

Коалицијата Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од локалните избори според гласовите за советничките листи освои над 55.000 гласа повеќе од коалицијата на СДСМ. Граѓаните во огромен број се определија за промени. Народот покажа дека сака да го смени мрачното сивило. Прогресот за СДСМ е криминал и корупција во институциите и општеството, тендери за блиските околу Заев, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот јасно даде глас против власта и постои силно антивладино расположение. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите партии од опозицијата и леви и центар и десни да се обединиме и да излеземе масовно во вториот круг на 31 октомври, за да ја запечатиме желбата на огромното мнозинство граѓани кои сакаат промени и поубава иднина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе