ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ ништо ново, синчето на градоначалникот од транзицијата, Ковачевски ќе биде наследник и пиун на Заев

Димитар Ковачевски е копија на Заев, син на транзициски функционер - градоначалник на Куманово.Ковачевски е заменик министер за финансии кога јавниот долг отиде на 7 милијарди евра. На Ковачевски во финансии му се случи и досега најголема инфлација и економска криза како што не се памети од транзицијата, кога неговиот татко беше функционер, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Димитар Ковачевски е пиунот на Заев, и не е никаков нов кадар. Тоа е човекот кој треба да продолжи со погубните и криминални политики на СДСМ и да обезбеди заштита за семејството Заеви. Ковачевски треба да затвори очи пред рекетот на Вице,  плантажите со марихуана на Трајче и криминалите на Зоран.

Ковачевски е решението за лидер на СДСМ уште пред да се одржи конгресот кој треба да биде фарса на која ќе се одглуми некаков избор.

Ковачевски е машата на Заев која треба да продолжи со Заевизмот. Сите нив народот ќе ги порази на предвремените парламентарни избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе