ВМРО-ДПМНЕ: Власта не се откажува од политиката „купи ден, помини”

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение обвинува дека, како што ја нарекува, мафијашката власт на Заев нема ниту план, ниту стратегија да се справува со економските последици од економската криза. 

„Тоа што економијата падна за 12,7% за само три месеци, тоа што над 40 илјади лица останаа без работа, тоа што власта создаде една милијарда нов долг, не е доволно да се откажат од своите политики купи ден, помини. Веќе три месеци поминаа од изборите, а тендерашката власт сѐ уште нема понудено четврти пакет мерки за стопанството. Очигледно се подготвуваат со нови популистички исплати со цел да купат социјален мир уште еден месец, додека економијата се дави во проблеми”, пишува во соопштението.

Според партијата, потврда дека освен голиот поткуп нема суштинска поддршка за фирмите говори, е тоа што според податоците изнесени во јавноста владата нема реализирано ниту 30 проценти од досегашните три сета на мерки, а сега „се расфрла со најава за четврти сет на антикризни мерки”.

„Очигледно е дека криминалот и корупцијата на власта ги изеде парите, а економијата и граѓаните ги остави да тонат во сиромаштија”, се додава во соопштението.

 

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе