ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака да го заташка случајот „Рекет“

Русковска од ден во ден докажува дека е пиoн на Заев. Пуштањето на Зоран Милески - Кичеец од притвор покажува дека власта има премолчен договор околу решавање на случајот Рекет, со покривање на трагите кои водат до Зоран Заев, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да не беше меѓународниот притисок во однос на случајот Рекет, ниту ќе се покренеше истрага, ниту рекетарите ќе беа во притвор. Русковска ја заташкуваше истрагата и кога не ја притвораше Јанева цел месец откако ги притвори Зоки Кичеец и Боки 13 и остави доволно време таа да влијае на доказите и сведоците. Сега повторно си игра со правдата и го пушта Зоки Кичеец од притвор после два месеци, а луѓе без никакво дело ги држеше во истражен затвор многу подолго.

Самиот факт што криминалци за кои видовме видео снимки како изнесуваат торба полна со пари добиени од рекет се пуштаат во куќен притвор кажува дека власта сака да го заташка случајот.

Русковска нема за цел да го расветли случајот Рекет и да дојде до вистинските нарачатели на милионскиот рекет, туку има за цел заштита на функционерите од власта и Зоран Заев лично кои се врвот на криминалниот октопод.

Поигрувањето на Русковска со правдата е повеќе од доволен аргумент зошто е потребно ЈО, кое ќе биде финансиски и кадровски независно од власта.

Со Русковска на чело на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција и со Заев на чело на државата правда нема да има.

Потребна е смена на СДСМ. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро. Доаѓа време за обнова на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе