ВМРО-ДПМНЕ: Власта потроши 8 милијарди евра без крупен капитален проект

Во Република Македонија, аболицираниот Заев и неговата криминална банда спроведуваат општ грабеж на народните пари. Во изминатите 2 и половина години владеење на СДСМ, власта потроши повеќе од 8 милијарди евра буџетски средства, пари на граѓаните, притоа без да реализира ниту еден крупен капитален проект од интерес за граѓаните, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се поставува прашањето каде се парите? Каде се парите на граѓаните, каде се парите од секојдневното безмилосно задолжување, пари кои ќе треба да ги враќаат иднините генерации. Одговорот е едноставен, парите на граѓаните завршија во џебовите на партиските и државните функционери, народните пари завршија во џебовите на сите оние послушници на Зоран Заев.

Парите на даночните обврзници служат за исплата на партиските војници, буџетската сметка СДСМ и Зоран Заев ја третираат како своја лична своина од која преку криминални тендери , грантови и партиски вработувања.

Народните пари завршуваат во џебовите на сите оние внуци, деца, мајки, татковци, роднини кои се вработија во државната администрација во епидемијата на непотизам која владее во Македонија од денот кога Зоран Заев седна во премиерската фотелја.

Нашите пари завршуваат на сметките на сите оние фирми кои во четири очи договорија криминални тендери како примерот со фирмата на невенчаниот сопруг на министерката за труд и социјала, Мила Царовска,  тендер во вредност од 5 милиони денари.

Ништо не е вечно па така за сите овие матни зделки, тендери и бизниси еден ден ќе одговараат сите кои што се инволвирани. Ќе одговараат за расипничкото трошење на парите на граѓаните, денот кога ќе се стави крај на Кацарска судството и Рускоска обвинителството, кога во Македонија ќе се врати правдата и правната држава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе