ВМРО-ДПМНЕ: Власта не се справува со криминалот, власта го стимулира криминалот

Зоран  Заев е главата на криминалниот октопод. Зоран Заев го пушти на слобода Жан Железарски, кој наместо да биде во затвор рекетира, се заканува и тепа луѓе низ Кочани. Заев донесе слобода за криминалците, а страв за граѓаните. Недолжни луѓе ги трпат криминалните банди  на Заев и нивниот терор, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Убиецот на Мартин Нешковски наместо во затвор е на слобода, на слобода се и двајцата убијци од Арачиново кои ликвидираа три деца, а во затвор лежат граѓани за прекршок кога немаат пари да ја платат казната.

Убијците од „Монструм“ се на слобода, а искрени патриоти и родољуби во затвор. Зоран Заев си игра со судбината на цели семејства. 

Законите во Македонија не важат кога е во прашање власта. Нема отворен случај за Драги Рашковски, за кого постои сомнение дека сторил криминал, а во станица се повикуваат и малтретираат новинари, кои објавиле материјали и информации од интерес на јавноста.

Нема постапка против Катица Јанева, а целата јавност бруи дека таа е обвинителот кој ги извршувал ветувањата од  „Рекет“. Зоран Заев е сеуште премиер, иако неколкукратно е видео и аудио документиран во барање мито.

Хаосот во кој СДСМ ја втурна државата мора да престане. Македонија заслужува правдина. Граѓаните очекуваат правда. Потребни се итни предвремени парламентарни избори и ЈО кое ќе биде финансиски независно и отпорно на влијанија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе