ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев сѐ уште нема план и решение за новата учебна година

Власта на Заев е тотално изгубена во менаџирањето на кризата со епидемијата од корона вирусот. Ниту на здравено поле, ниту на економско поле, ниту на полето на образованието. Уште еден месец до официјалниот старт на новата учебна година, а МОН и Комисијата за заразни болести немаат решение како ќе се одвива образовниот процес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние нудиме конкретно решение во 10 точки што треба да овозможи непречен и ефективен процес на едукација на учениците во новонастанатата состојба со епидемијата.

Очекуваме Министерството за образование и наука да ги земе предвид нашите предлози и да ги подготви просветните работници, родителите и учениците за новата учебна година.

Жалиме што немаше конкретен план за справување со новонастанатата состојба од страна на властите поради која најголема штета им се прави на учениците.

Но, за жал како и за многу други аспекти власта на Заев потфрли и во овој аспект и покажа целосна неодговорност, неспособност и неорганизираност. Тие се организирани само кога се работи за криминалот, корупцијата и рекетот. Да се работеше за Луј Витон торби полни со милиони евра, снопчиња пари или пазар со правдата сигурно ќе беа организирани и брзо ќе најдеа решение.

Граѓаните не заслужуваат власт на Заев, бидејќи со Заев Македонија тоне, а цвета криминалот, корупцијата и рекетот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе