ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Ковачевски бега од одговори зошто не ги продолжи мерките

Цените на основните продукти растат секој ден, а со тоа македонските граѓани осиромашуваат се повеќе и повеќе. Додека сите сериозни држи носат мерки за да се заштити стандардот на граѓаните, кај нас Владата мерките не само што не ги продолжи, туку и не кажува дали воопшто размислува да преземе нешто итно, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Инфлацијата во април достигна 10,5% и беше една од највисоките во Европа, а од тогаш цените на енергенсите и продуктите во маркетите вртоглаво пораснаа. Лебот достигна 40 денари, брашното, млекото и шеќерот се 60 денари, маслото за јадење над 165 денари. Ако на ова се додаде дека поскапеа и горивата и електричната енергија тогаш граѓаните се доведени до егзистенција.

Владата на Ковачевски без срам бега од одговори зошто не ги продолжи мерките кои предвидуваа намалени или укинати стапки на ДДВ за клучните животни продукти и зошто дозволи ваков ценовен шок.

Впрочем и пратениците од ВМРO-ДПМНЕ и коалицијта го поднесоа законот за изменување и дополнување на Законот за данокот за додадена вредност и предлог законот за изменување на Законот за акцизи со кои акцизата за горивата ќе се преполови и ќе се даночат со стапка од 5%, наместо моменталните 18%, а прехранбените производи ќе бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.

Но власта неколку дена бега од носење на овие измени со кои ќе се заштити стандардот и семејниот буџет на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе