Во соопштението се вели дека претходно 11 милиони евра се потрошени за струја, и 15 милиони кои се платени кон европската енергетска мрежа и дека оттука се доаѓа до сума од над 38 милиони евра, а дека зимата не е ни почната.
„И сето ова затоа што нема домашно производство на струја, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите. Нема ниту способен менаџмент. Ама има способни за крадење, односно скапо платена струја некој од власта ја краде за копање на биткоини“, се вели во соопштението со кое ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш нагласува дека излезот е во предвремени парламентарни избори.