ВМРО-ДПМНЕ: Власта е во слободен пад, граѓаните сакаат право и правдина

Вчеравечер Македонија победи. Граѓаните сплотени без страв кажаа дека сакаат право и правдина. Гордана Сиљановска Давкова ја доби мнозинската поддршка од граѓаните. Народот вчера ги победи сите остатоци од транзицијата. Антидржавните политики и криминалот вчера беа поразени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот прв круг од претседателските избори.

„Од денеска Македонија има нова реалност. Власта е во слободен пад. Никој повеќе не се плаши. Гордана Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ победија над 30-тина партии кои застанаа со СДСМ и Стево Пендаровски. Македонија победи. Стравот е поразен. За целосна победа и делегитимирање на оваа власт е потребна победа во вториот круг. Народот ја порази хотел коалицијата. Народот ги порази елитистите од власта“.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите граѓани да се обединат во вториот круг за финалниот удар за пад на власта.

„Македонија заслужува претседател кој ќе ги почитува уставот и законите. Македонија заслужува подобро. Гордана Сиљановска Давкова е вистинскиот избор, за право и правда. За подобра иднина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе